Веројатно ве асоцира само на проблем, но неговата намена е сосема друга
Ако сте корисници на Google Chrome сигурно сте запознаени со T-Rex диносаурусот кој се појавува кога вашиот компјутер не е поврзан на интернет.
Веројатно ве асоцира само на проблем, но неговата намена е сосема друга. Она што е интересно е дека овој офлајн диносаурус во Google Chrome всушност е игра, која треба да ве забавува додека нема што да правите без интернет.
Притиснете го копчето за празно место за да ја активирате играта и вашиот Chrome брзо ќе се претвори во заразна игра која нема да може да престанете да ја играте.
Вашата единствена цел е да избегнете удирање во кактуси. T-Rex скока со притискање на празно место. Не плашете се дури и ако удрите во пречка, бидејќи T-Rex не одмара долго (притиснете ја иконата за обновување на играта и повторно се враќате од почеток).
Играта не е само за Chrome Desktop, достапна е и на Chrome за Android. Префрлете се на plane mode и може да почнете! Единствената разлика е во тоа што наместо space на тастатурата, треба да допрете на екранот за да скокнете / летате со диносаурусот.