Компанијата моментално има околу 900 вработени
Пред три години, 677 вработени од трстеничката фабрика “Прва петолетка“ вложиле по 60.000 динари, пари кои ги добиле од социјалната програма, и ја откупиле компанијата во стечај. Тие основале своја компанија, успеале да ги задржат старите клиенти и да освојат нови пазари.
Трстеничката “Прва петолетка“ 80% од своите производи ги извезува во 36 земји ширум светот. Од продажбата на пумби, цилиндри, хидраулични брави и резервоари, минатата година прокнижи приход 12 милиони и нето добивка од половина милион евра.
Важно е да се работи и да има што да се работи, велат работниците: “За да опстанеме, потребно е да работиме“.
Условите за работа се одлични. Сега имаме греење. Работам веќе 36 години во истата сала. Нашата плата е редовна и ја добиваме на истиот ден секој месец. Се е во ред, вели еден од нив.
Најголемите купувачи на нејзините производи се компании од Русија, Белорусија и земјите од ЕУ. Минатата година компанијата успеа да влезе на алжирскиот пазар.
“Ние сме заинтересирани за нов кадар и подмладување на тимот во фабриката“, вели Љубисав Пантиќ, директор на “Прва Петолетка“. “Нашите вработени се на просечна возраст од 50 години и затоа ни требаат млади кадри кои ќе ја носат иднината на овој колектив“.