![ОД УТРЕ ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Пад на температурата за десет степени](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/61/d21b5a16-resize-820x0x100.jpg)
Под влијание на значително постудена воздушна маса, од утре до четврток ќе има зголемена облачност, во западните и јужните делови со слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Управата за хидрометеоролошки работи најави дека ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе се намали за околу десет степени во однос на денешната.
Од петок утринските температури на места ќе се спуштат и под нулата, а дневните ќе бидат во пораст.