Работното место вклучува патување по светот и престој во скапи хотели, а за целата таа “мака“ кандидатот ќе добие месечна плата од околу 4.000 евра.
Метју Лепре е дваесет и шест годишен милионер кој бара личен асистент за да патува со него низ целиот свет и да престојува во најскапите хотели во светските метрополи, а за возврат нуди годишна плата од 52.000 долари.
26-годишниот милионер од Австралија кој се занимава со е-трговија вели дека месечно заработува околу 120.000 евра, платата на кандидатот кој би патувал со него во Јапонија, Дубаи и САД и ќе има задача да го придружува на патувањата и да го промовира неговиот имиџ на социјалните мрежи ќе зависи од претходното искуство и вештините на самиот кандидат.
Често патувам поради мојата работа и уживам во ваквиот начин на живот, па би сакал на некого да му ја пружам истата шанса да ужива во сето тоа со мене, вели Метју.
Од кандидатите се бара, меѓу другото, релевантно работно искуство, валиден пасош, солидно познавање на работа со социјални мрежи, одлични организациски способности и способност за мултитаскинг.
Инаку, Метју се откажал од факултетот кога имал 23 години и сам го почнал својот бизнис за е-трговија што му донесе милиони.