Мобилните уреди станаа речиси неопходен „гаџет“ за човечкото секојдневие, а нивната редовна употреба влијае на квалитетот и состојбата на самите апарати.
Краткото траење на батеријата, бавното полнење, квалитетот на камерата и прекинувањето во работата на уредот се некои од најчестите проблеми со кои се соочуваме. Поради тоа, еве неколку едноставни трикови кои можеби не сте ги знаеле, а ќе ви помогнат да ги избегнете или целосно да ги елиминирате споменатите проблеми, пишува Brightside.
ИСКЛУЧЕТЕ ГО АВТОМАТСКОТО РОТИРАЊЕ НА ЕКРАНОТ
Кога не го користите уредот во хоризонтална положба, најдобро е да ја исклучите опцијата за автоматска ротација на екранот. Таа опција активира сензори кои непотребно можат да ја оптеретат и празнат батеријата.
КОГА СЕ ПОЛНИ МОБИЛНИОТ, ВКЛУЧЕТЕ АВИОНСКИ РЕЖИМ НА КОРИСТЕЊЕ ЗА ПОБРЗО ДА СЕ НАПОЛНИ
Кога на мобилниот го активирате авионскиот режим, тој престанува да бара и да фаќа мрежа, што ја намалува потрошувачката на батеријата и работата на апликациите, па овозможува побрзо полнење на батеријата.
ПОДОБРЕТЕ ГО ЗВУКОТ ПРИ СНИМАЊЕ ВИДЕО СО КОРИСТЕЊЕ НА ДИКТАФОН
Повеќето паметни телефони имаат опција за снимање со диктафон во позадина. Оттука, кога снимате видео на кое сакате да имате подобар снимен звук, во исто време снимајте и аудио запис и видео запис, па потоа едноставно поврзете ги звукот и видеото со помош на апликација за уредување.
КОРИСТЕТЕ ОЧИЛА ЗА СОНЦЕ КАКО ФИЛТЕР ЗА КАМЕРАТА
Ако светлото ви прави проблеми кога фотографирате со мобилниот телефон, како филтер пред камерата користете очила за сонце и низ нив правете ги фотографиите. Така ќе го намалите интензитетот на светлината или темниот ефект и ќе добиете сосема нов ефект.
ЦРНА ПОЗАДИНА ГО НАМАЛУВА ТРОШЕЊЕТО НА БАТЕРИЈАТА
Ако мобилниот ви е постојано во рака, а траењето на батеријата една од најбитните работи, на позадината од екранот ставете црн мотив, наместо во боја, со цел батеријата помалку да се троши и побрзо да се полни. Исто важи и за јачината на светлината на екранот – посилно осветлен екран побрзо ја „јаде“ батеријата.
РЕСЕТИРАЈТЕ ГО МОБИЛНИОТ ТЕЛЕФОН ТРИ ПАТИ НЕДЕЛНО
Мобилниот не е добро во целост да се испразни, но не треба ни да го држите вклучен на полнач кога е целосно полна батеријата. Исто така, ако постојано работи, се препорачува ресетирање на апаратот три пати неделно, со цел истиот да се одмори и да работи побрзо, а и да држи повеќе батерија.