165 земји во светот возат на десната страна од патот, додека пак, само 65 возат на левата. Се прашувате ли зошто светот е поделен за тоа на која страна треба да се вози?
Возењето на левата страна потекнува уште од ерата пред да бидат измислени автомобилите, а тоа е времето на античкиот Рим. Во тоа време, се јавало коњ и се возело кола на левата страна.
Тоа е така бидејќи мнозинството Римјани биле деснораки и сакале да управуваат со својата лева рака, овозможувајќи нивната доминантна десна рака да биде подготвена за користење на оружје.
Така, јавањето на левата страна им овозможило нивната посилна десна рака да биде поблиску до непријателот.
Бидејќи се покажало како многу корисно решение, јавањето на левата страна останало и во Средниот Век.
Во 18-ти век, Британија го носи првиот закон со кој возењето на левата страна станува задолжително во сите нејзини колонии.
Во меѓувреме, Американците и Французите ја избрале десната страна од патот. Инаку, во Франција се возело од левата страна се до Француската Револуција затоа што Наполеон Бонапарта бил левак и ја преферирал десната страна.
3. Септември 1967 - Првото утро во Шведска по промената на возење од лева кон десна страна на коловозот
Во САД, возењето е на десната страна поради популарноста на товарните кочии каде што возачот седи позади коњот кој се наоѓа на левата страна. На овој начин, возењето на десната страна му овозможува на кочијашот да погледне позади дали има некое друго товарно возило.
Со појавата на автомобилите голем број држави го прифатиле возењето на десната страна од патот.
Поранешните британски колонии, со исклучок на неколку, до ден денес возат на левата страна од патот.