Промената на стрелките на часовникот може да има негативни последици на телото, а тоа исто така може да има и влијание врз продуктивноста на работното место.
Започнувањето на летното сметање на времето значеше еден час помалку спиење, но и промена во секојдневниот ритам на телото. Како последица на оваа промена чувствуваме замор, поспаност, недостаток на концентрација и зголемено ниво на стрес.
Додека на повеќето луѓе им треба неколку дена за да се привикнат на оваа промена, други можат негативните последици да ги чувствуваат подолго време.
Во продолжение неколку совети за тоа како да се справите со новонастанатиот замор:
Прескокнете го попладневното кафе
Избегнувањето на кафе во попладневните часови е добар совет поради полесно заспивање. Доколку сте во можност да го прескокните овој ритуал, пробајте обичното кафе да го замените со безкофеинско.
Не закажувајте рани состаноци
Бидејќи промената на стрелките на часовникот предизвикува намалување на концентрацијата, особено во утринските часови, најдобро ќе биде состаноците во наредниот период да ви бидат резервирани за во попладневните часови.
Внимавајте во сообраќајот
Смиреноста при возењето е нешто што треба да го практикувате секојдневно, но во овој период треба повеќе да посветувате внимание додека се наоѓате во сообраќај.
Легнете порано
Неколку дена по ред легнувајте си порано како би можеле да се вратите на нормалниот начин на функционирање.