Google Chrome е најпознатиот светски интернет пребарувач кој на дневна база го користат милиони луѓе ширум светот. Chrome е лесен за употреба и има безброј мали, скриени опции за кои веројатно не знаете. Нивното користење ќе ви заштеди време, батерија, но и меморија.
"Пинувјате" ги табовите
Доколку редовно мачите мака со голем број на отворени табови, тогаш треба да знаете дека на овој хаос му дошол крајот. Се што треба да направите е да стиснете десн клик на отворениот таб и да ја одберите опцијата "pin tab". На овој начин, прозорецот автоматски ќе се намали и ќе се помести налево.
Заштедете батерија
Откако ќе влезете во опцијата "settings", отидете до делот "system" и исклучете ја опцијата "continue running background apps when Google Chrome is closed". Не се препорачува постојано користење на оваа опција, но добро ќе дојде кога полначот нема да ви биде при рака.
Направите повеќе профили
Доколку користите повеќе Гугл профили, без разлика дали се за работа или приватно, можете да ги зачувате bookmarks-от и историјата на пребарување за секој профил посебно.
Отидете во опцијата Settings -> Manage people -> Add person
Оваа опција е корисна доколку го позајмите на некого вашиот компјутер или лаптоп, а не сакате таа особа да види што сте правеле и кои страници сте ги посетувале.
Не трошете непотребно меморија
На брз и едноставен начин можете да дознете кои страници трошат најголем дел од меморијата и ви ја намалуваат брзината. Отворете ја опцијата "more tools" и кликнете на "Chrome task manager".
Startup
Доколку постои одредена страница која сакате веднаш да ви се отвара чим го вклучите вашиот компјутер, односно прелистувач се што треба да направите е да отидете во Settings -> Set pages -> On startup -> и одберете ја посакуваната страница.
Пребарувајте го Gmail директно од линкбарот
Кликнете на опцијата Settings -> Manage search engines, скролајте до самиот крај и ставете го https://mail.google.com/mail/ca/u/0/#apps/%s на десната страна.