Која е тајната на долгиот, среќен и успешен живот, е прашање кое понекогаш нѐ окупира сите нас, а најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, го има одговорот на тоа.
Тој смета дека, без оглед на тоа колку ќе бидете успешни на крајот, нема да се грижите за бројот 0 на банкарската сметка туку за одлуките кои ве довеле онаму каде што сте.
Помалку иронично, шефот на Амазон има толку многу нули на банкарската смета што навистина не мора да се грижи за нив.
Клучната одлука која му го обезбедила патот на Безос до “неговите нули” била основањето на онлајн книжарница која подоцна се претворила во компанијата која светот ја знае како Амазон.
Имено, според мислењето на најбогатиот човек на светот, ова се 12-те прашања кои би требало да си ги поставите на себеси за да живеете среќен живот.
1. Како ќе ги користите вашите таленти?
2. Кои одлуки ќе ги донесувате?
3. Дали вашиот водич во животот ќе биде пасивност или ќе ги следите вашите страсти?
4. Ќе ја следите догмата или ќе бидете оригинални?
5. Ќе одберете лесен живот или живот полн со авантури?
6. Ќе се скршите над критиките или ќе ги следите своите уверувања?
7. Ќе се извлекувате кога не сте во право или ќе се извините?
8. Ќе го заштитите своето срце од одбивање или ќе делувате кога ќе се заљубите?
9. Ќе играте на сигурно или ќе ризикувате?
10. Кога ќе стане тешко, ќе се откажете или ќе останете упорни?
11. Ќе бидете циник или оној кој создава?
12. Ќе им паметувате на другите или ќе бидете внимателни?