Марк Даглас, маркетинг директор на компанијата СтилХаус вели дека им дава пари на своите вработени за да одат на одмор, а тие му возвраќаат со поголема продуктивност.
Својата компанија ја основал во 2010 година, а почнувајќи од 2011 година тој почнал да им дава пари на вработените за да си овозможат пристоен одмор и релаксација.
Поточно, неговата компанија им нуди околу 1.700 евра годишно на своите вработени за да можат да отпатуваат во било која земја во светот.
Парите можат да ги потрошат на повеќе патувања или само на едно, а Марк дозволува тие да одлучат што ќе прават со нив.
Ако имате лав во кафез, кој е роден во засолниште, тогаш отворете го кафезот и пуштете го, а тој ќе се врати во кафезот. Тие не почнуваат да трчаат слободно. Кога за прв пат почнавме да им кажуваме на нашите луѓе дека имаат неограничен годишен одмор, не знаеја како да го сфатат тоа. Нашата култура е едноставна и се заснова на доверба и амбиции“, вели тој за Бизнис Инсајдер.
Довербата мора да биде двострана. Вработените кои купуваат авионски карти во понеделник, добиваат плата до вторник. Ако не можат да искористат кеш, тогаш компанијата им дава своја картичка за да го резервираат летот.
Кога ќе се вратат од патување, може да ги пријават трошоците и да добијат надомест од 2.000 долари.
Некои вработени не сакале да земат одмор
Некои вработени кажале дека не им е потребен одмор, а сакале парите за оваа намена да ги добијат како бонус, но Марк бил непоколеблив кога станува збор за трошење на овие пари.
Јас всушност сакам да одат некаде и да уживаат, вели тој.
Поради оваа пракса во последните три години, само пет од 250 вработени ја напуштиле неговата компанија.