Полицијата објави дека трага по сите кои за застанале да собираат пари.
Околу 600.000 долари испаднаа од камион на компанијата Brinks на автопатот Индијанаполис во 9 часот наутро според локално време, објави полицијата притоа барајќи од луѓето кои ги собирале банкнотите да ги вратат бидејќи во спротивно ќе бидат обвинети за кражба.
Останува нејасно како задните врати од оклопното возило се отвориле, а некои од возачите веднаш штом забележале дека на автопатот летаат пари запреле, излегле од своите возила и започнате да собираат што е можно повеќе. На интернет е објавена и снимка од самиот инцидент.
Полицијата објави дека трага по сите кои застанале да собираат пари. Полициската управа изјави дека веќе има информации за регистарските таблички на возачите кои застанале да собираат и од истите очекуваат парите доброволно да ги вратат.