Многумина од нас се’ уште се сеќаваат на моментот кога ќе дојдеше до прекин на некоја ТВ програма и ќе се слушнеше ужасен звук, а на телевизискиот екран ќе се појават невообичаени колоритни квадрати, правоаголници и линии.
Разнобојните форми во форма на круг, квадрат, правоаголник или линии кои се проследени со пискалив тон се нарекуваат тест картичка или тест образец.
Овој телевизиски тест сигнал најчесто се испушта во моменти кога предавателот е активен, но не ја емитува програмата, а тоа е воглавно на почетокот или на крајот од емитувањето.
Шарите се проследени со пискалив тон, а некои телевизии во позадината на тест картичката емитуваат радио сигнали или инструментална музика.
Таквите тест картички се користат од самиот почеток на телевизијата
Најпрво, тоа биле вистински картички во кои камерата била поврзана, а главната цел беше да се поврзат камерите и да се калибрира сигналот.
Во денешно време, за тоа се користат генератори кои не бараат присуство на камера.
Дигитално изработените тест картички им овозможуваат на сите (гледачите и ТВ станиците) да ја постават својата опрема за да добијат оптимален квалитет на сликата.
Кругот служи за подесување на линеарноста во време кога се користеше електронски цевки во телевизорите.
Тест картите вообичаено содржат одреден сет на фигури кои им овозможуваат на телевизиските камери и гледачите правилно да ја подесат сликата на нивните уреди.
Во централниот дел на тест картичките беа т.н. SMPTE ленти во различни бои и тоа: бела, жолта, зелена, магента, црвена и сина.
Дополнителни, има и различни нијанси на црно кои овозможуваат да се прилагоди осветленоста и контрастот на екраните.
Најпознатата тест картичка е направена во 1966 година во лабораторијата на Philips.