Стартап компанија објави атрактивен оглас за вработување, а работата се состои од патување околу светот и тестирање на луксузни јахти – секако, следи и добра заработка.
Работата од соништата ја нуди неодамна лансираната веб страница за луксузни нарачки HushHush. Сајтот, познат како Амазон за милионери, бара некој да ги оцени јахтите пред да бидат објавени онлајн.
Платата е 1.660 евра неделно
За оваа работа која се плаќа дури 1.660 евра неделно, од вработениот се бара да живее на јахта седум дена, да ги проверува нејзините фунцкии и квалитетот на истите, а тоа ги вклучува креветите, тушевите, вратите и славините.
Кандидатот кој ќе победи на конкурсот ќе има можност да процени до 50 јахти годишно, што е околу 93.000 долари.
Искуство со јахти не е неопходно, иако, како што се наведува, тоа би било значајно за апликантите. Сепак, тие мора да имаат најмалку 21 година, валидни пасоши и да бидат достапни во текот на целата година.
Луѓето кои ќе аплицираат ќе ги оценуваат јахтите и ќе ги споредат со ригорозните стандарди кои HushHush ги има за да се објават на нивниот сајт, велат од компанијата.
Ова не е прв пат компанијата да нуди ваков тип на работа.
Претходно, HushHush имаше потреба од лице кое ќе тестира слични производи за стил, удобност, перформанси и удобност и притоа ќе напише извештај за секоја ставка.
Извор: CNBC