Белите влакна не се појавуваат исклучиво кај старите лица, има и доста млади луѓе со прошарана коса.
Дерматологот Малиса Пулианг вели дека до 50. година од животот, половина од луѓето побелуваат во косата прошарано, а ако до оваа појава дојде пред 35. – треба да се загрижите.
„Тие престануваат да произведуваат меланин, а последицата од тоа е сива коса која со текот на времето побелува“, вели таа. Напоменува дека овој процес е поврзан со кератоноцитите, одговорни за густината на косата, па не треба да загрижува кога косата ќе проретчи. Седата коса главно е поврзана со генетиката.
Но, треба да бидете загрижени доколку започнете да белеете многу рано. Некои истражувања откриваат дека тоа може да биде поврзано со срцеви заболувања. Според студијата презентирана на Конференцијата на кардиолози во Индија, мажите кои прерано започнале да белееат во косата, имаат петпати поголеми шанси за развој на коронарни болести, што значи дека и шансите за срцев удар се поголеми.
Коронарна или исхемиска болест на срцето се карактеризира со наслаги на крвните садови и стеснати ѕидови, што резултира со намалена или прекината снабденост со крв во некои делови од срцевиот мускул.
Наслагите или плаките обично се јавуваат како резултат на долготрајно оштетување на артериите – поради висок холестерол, шеќерна болест или пушење, а може да бидат предизвикани и од механички причинители – артериска хипертензија.
Стеснатите крвни садови не можат да го снабдат срцето со доволна количина на кислород, а тоа може да предизвика слабеење на функцијата на срцето, ангина пекторис, па дури и инфаркт.
Ако плаките пукнат, на тоа место се создава грутче кое може да го прекине дотокот на крвта поради што започнува одумирање на дел од срцевиот мускул. Тогаш настанува срцев удар.
И оксидативниот стрес придонесува до рана појава на бели влакна. Тоа е биолошки процес кој може да ги оштети клетките и ткивото, а едно истражување покажало дека е виновник за стареењето на меланоцитите.
Експертите напоменуваат дека не може со сигурност да се тврди дали луѓето кои порано ќе побелат во косата имаат проблеми со срцето, но ако тоа се случи пред 35-тата, секако е пожелно да посетат лекар и да го проверат своето здравје.
Понекогаш појавата на седа коса е предизвикана од неисбалансирана исхрана. Научниците откриле дека недостигот на витамин Д3 резултира со губиток на супстанцијата која ја дава бојата на кожата и косата. Истото важи и за витаминот Б12.
Со витамин Д3 се богати следниве намирници: месо, јајца и изнутрици. Природно се создава во телото кога сме изложени на сончеви зраци. Витамин Б12 ќе пронајдете во храна од животинско потекло – во риба, школки, млечни производи, јајца, изнутрици, телешко, свинско месо.