Истражувањата покажале дека не е добро да работите во неработните денови…
Одењето на работа за време на викендите за никого не е среќна опција. Додека вашиот дечко или сопруг се одмара дома, вие морате да трчате по продавници, да седите на компјутер или нешто друго што работата го бара од вас. Но тоа не звучи ни најмалку посакувано, нели?
Ако вашето здравје имаше глас, ни тоа дури не би се согласило дека работата за викенди е добра идеја. Имено, истражувачите на UCL и Queen Mary универзитети во Лондон дошле до заклучок дека работата за викенди често предизвикува депресија, особено кај жените.
Една студија спроведена на 20.000 работници покажа дека оние кои работеле повеќе од 55 часа неделно, покажале речиси 10 отсто изразени симптоми на депресија.
“Ние не можевме да ги утврдиме симптомите на депресија, но дознавме дека повеќе жени од мажи работат и за викенд, што им создава голем притисок и ги преплавува со обврски”, изјави водителката на студијата Гил Вестон.
Студијата исто така покажа депресивни постари луѓе кои се пушачи, што е и очекувано.
Целта на оваа студија била работодавачите да се освестат за последиците што нивните вработени би можеле да ги претрпат поради големата количина на работа и со тоа да го зголемат бројот на вработени и да го намалат бројот на часови по поединец.