![Временска прогноза за наредните денови - во четврток и петок нова промена](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/b4/9550af4b-resize-820x0x100.jpg)
Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе се движи од четири до 12 степени, а дневната температура од 13 до 27 степени.
Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен југозападен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 24 степени.
Во среда ќе биде стабилно и суво. Во четврток попладне и во петок повторно ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи..