
Изменет ќе биде возниот ред на автобусите во петок.
Од ЈСП информираат дека во петок (24.05.2019 година), поради државниот празник 24 Мај – Ден на сесловенските просветители, браќата Кирил и Методиј, возилата од јавниот превоз ќе сообраќаат по неделен возен ред.