Во текот на изминатите две децении, Џејми Оливер важеше за еден од најпознатите телевизиски готвачи во светот, а таа титула ја доби благодарение на својата емисија “Гол готвач“.
Меѓутоа, во текот на последните неколку години, Џејми се соочи со сериозни финансиски проблеми коишто кулминираа со затворање на дури 22 негови ресторани ширум Велика Британија.
Компанијата “Jamie Oliver Restaurant Group“ во вторникот поднесе барање за стечај, а повеќе од 1.000 луѓе останаа без своите работни места. Сепак, меѓународната франшиза Џејми Оливер, односно 61 негов ресторан ширум светот, и натаму ќе продолжи со работа.
Исто така, во живот ќе останат и трите ресторани на лондонскиот аеродром Гетвик, но не е познато за колку долго. Ако дојде до нивно затворање, без работа остануваат уште 300 луѓе.
Џејми Оливер моментално е во минус од 71.5 милиони фунти
Проблемите на славниот готвач не се некоја новина со оглед на тоа дека бројот на неговите ресторани во рамките на ланецот само во последните две години се намали за 17.
Како причина за тоа, Оливер го обвини растот на цената за закуп и работа, како и гостите кои крадат работи од тоалетот и персоналот кој краде намирници и вина.
Зголемувањето на цените за изнајмување на просторот се‘ уште се наведува како една од причините за падот на оваа 11-годишна кулинарна империја.
Компанијата уште пред две години беше потресена од референдумот на Брегзит и падот на фунтата, поради што дојде до поскапување на увозот на намирници, а компанијата речиси банкротираше.
Сето тоа, во комбинација со прескапите јадења на Оливер не се очекувало да излезе на добро бидејќи веднаш опаднала посетеноста во рестораните.
Како што велат експертите, причината за падот на бројот на гости е и нефлексибилноста во начинот на работење бидејќи Џејми упорно се спротивставувал на трендот за достава на храна.