Имајќи предвид дека се работи за коосновачот на Apple и визионерот кој стои зад некои од најголемите иновации во светот, ретко кој би се посомневал во стручноста на Стив Џобс. Но, малкумина знаат дека една вообичаена интерперсонална вештина му помогна да се претвори во еден од најбрилијантните бизнис лидери на денешницата.
Таа вештина, според поранешниот извршен директор на Apple, Џон Скули, е способноста за слушање.
Скули, кој цела една деценија, од 1983. до 1993., беше главен извршен директор на Apple, за CNBC изјави дека оваа вештина не се создала сама од себе кај Стив Џобс.
Наместо тоа, потребни биле 12 години и заминување од Apple за да ја усоврши оваа вештина.
Во 1985 година, 27-годишниот Стив Џобс гордо поднесе оставка од Apple по судирот со Скули и управниот одбор на компанијата околу стратешката насока на компанијата.
Во следните 12 години, Џобс ја основал IT компанијата NeXT, пред повторно да се врати во Apple во 1997 година.
Џобс 1.0 и Џобс 2.0
Кога Џобс се врати во Apple во 1997 година тој беше “друга личност“, вели Скули, кој претходно го предводеше Пепси.
Тој ги опиша двата мандати на Стив Џобс во Apple како “Џобс 1.0“ и “Џобс 2.0“.
Џобс 1.0 бил одбележан со непоколеблива амбиција, но Џобс 2.0 бил многу позрел и повеќе сакаше да ги слуша другите, вели Скули.
Стив беше брилијантен и знаеше да процени каде ќе биде светот во следните 20 годни. Тој беше толку харизматичен што се убеди себеси, како што ги убедуваше и другите луѓе, дека секогаш е во право, изјави Скули за Џобс 1.0.
Но, младиот Стив Џобс не бил воопшто добар во слушање како што бил Стив Џобс кој се вратил неколку години подоцна. Неговите животни искуства помеѓу 1.0 и 2.0 биле очигледно многу влијателни.
Во годините што следеа по неговото враќање во Apple, Стив Џобс се сметаше себеси дека е во голема мера одговорен за заживување на бизнисот кој беше на работ на банкрот.
Денес под водство на Тим Кук, кој дојде на местото на Стив Џобс, како извршен директор непосредно по неговата смрт во 2011 година, Apple е рангирана како втора најголема јавна компанија во светот според пазарната капитализација.