Нигериецот Мухамед Абубакар кој пред 24 години се вработил како чистач во “Ер Азман“ напредувал со текот на годините и денес успеа да стане капетан во авиоиндустријата.
Нигериецот Мухамед Абубакар кој пред 24 години се вработил како чистач во “Ер Азман“ напредувал со текот на годините и денес успеа да стане капетан во авиоиндустријата.
Мухамед и се приклучил на авиокомпанијата “Ер Азман“ пред нешто повеќе од две децении кога очајно му требало работа и одлучил да ја прифати понудата за вработување на позиција чистач во авион. Не ни претпоставувал дека истрајноста ќе се исплати и дека еден ден ќе има крилја.
Посветеноста и одлучноста се исплатиле
Денес, Мухамед се здоби со четврта лента за да стане капетан.
Фотографиите од Мухамед станаа вирални откако еден негов колега ги објави на Твитер.
Тој влезе во воздухопловната индустрија пред 24 години како чистач на авиони, а денес ја доби четвртата лента за да стане капетан. Честитки до Мухамед Абубакар од сите нас во “Ер Азман“, стои во твитот.
Се надеваме дека ова е доволна мотивација за сите вас кои работите напорно и посветено за остварување на вашите соништа!