Се работи за 70-годишна жена која дипломирала економија, но воопшто не работела бидејќи се посветила на децата и домот.
Судот во Аргентина изрече пресуда според која сопружникот на својата поранешна сопруга треба да и исплати 8 милиони пезоси (скоро 180 илјади американски долари) во форма на отштета за извршување на сите домашни работи во текот на 27 години од нивниот брак.
Станува збор за 70-годишна жена која дипломирала економија, меѓутоа не се вработила поради тоа што целосно се посветила на грижа за децата и домот.
Економската зависност на жената од сопругот е еден од централните механизми со кои жените се држат на угнетена позиција во општеството, објасни судијката Викторија Фама.
Судијката смета дека казната е разумна и нејзината цел е да создаде економска рамнотежа помеѓу поранешните сопружници.
Инаку, тие живееле одделно од 2009, а се развеле во 2011 година.
Овој финансиски надомест е воведен во Граѓанското право на Аргентина во 2015 година и може да се исплати еднократно, како месечен приход или во форма на пренесување на сопственост на стоки.