“Ракутен Маркетинг“ и Институтот за истражување на пазарот “Вига Маркетинг“ објавија студија која овозможува увид во монетарниот свет на оние кои заработуваат за живот преку реклами на социјалните мрежи.
Во периодот помеѓу декември 2018 и јануари 2019 година анкетирани биле 700 маркетинг директори и 3.500 потрошувачи ширум светот за да се дојде до резултати во т.н. “Marketing Report 2019“ студија.
Професија со голем потенцијал
Студијата покажа дека инфлуенсерскиот бизнис е исплатлив за брендовите, но и за рекламните лица. 6 од 10 анкетирани потрошувачи секојдневно комуницираат со т.н инфлуенсери, а над една третина од нив го прават тоа неколку пати на ден. Мнозинството од анкетираните “следбеници“ – 88 проценти – се изјасниле дека се чувствуваат охрабрено повторно да купат од 80 проценти од брендовите од кои веќе купиле барем еден производ кој бил промовиран од инфлуенсер.
До 38.000 евра од објава
Инфлуенсерите можат да добијат и до 38.000 евра по објава – под услов тие да се пофалат пред повеќе од 500 илјади следбеници.
Сепак, експертите за маркетинг трошат само 30% од својот буџет на влијателни лица со таков висок дострел. Затоа, повеќе од една третина од партнерствата се склучени со т.н. “микро-инфлуенсери“ чиј број на следбеници е значително помал, но имаат поголемо локално влијание.
Но, дури и огласувањето пред помал број на следбеници е win-win за маркетинг експертите: со помалку од 30.000 следбеници може да биде надоместена кампања која би чинела 32.000 евра, како што е наведено во студијата на Ракутен.
Во зависност од бројот на нарачки и големината на заедницата, рекламирањето преку инфлуенсери е многу вреден бизнис.
Не мора да бидете познати
Освен за познатите лица, како што се сопругата на фудбалерот Матс Хумелс, Кети Хумелс, или пак американската ѕвезда Ким Кадрашијан коишто веќе подолго време го користат рекламирањето на интернет како поле за бизнис, да се биде инфлуенсер е работа од соништата и за голем број непознати лица.