New York Times направи „онлајн“ апликација со кој можете да ја видите споредбената затопленост на вашето место на раѓање денес и во годината кога сте се родиле. Треба само да ги внесете името на градот и годината на раѓање.
Да, податоците најверојатно ќе ве запрепастат и можеби на сите нам ќе ни помогнат побрзо и поконкретно да сфатиме што сме направиле заедно за оваа наша планета во толку кратко време.
Сепак, уште полоша од споредбата „некогаш и денес“ е резултатот кој го дава апликацијата за предвидувањата за тоа какви можат да бидат годините кои следат во поглед на затоплувањето. Кратко кажано – многу жешки!
Линкот до апликацијата го имате ТУКА.
Она што оваа апликација покажува е порастот на бројот на денови со температура над 32 степени Целзиусови на годишно ниво и тоа е она што претставува најголем проблем во земјите со зголемена влажност. Комбинацијата од високи температури и висока влажност е опасна и штетна за човечкото тело, бидејќи тоа не е така „скроено“ за да може во влажните, а жешки денови само од себе да се разладува.