Сезоната на годишни состаноци во корпорациите се засилува, а сценариото се одвива како и обично- извршните директори ќе го направат своето.
Можеби, како што пишува Њујорк тајмс, ќе има малку вербално кошкање од акционерите, можеби ќе има мало „say on pay” гласање за нивните кнежевски плати, а потоа ќе соопштат дека по детална анализа на комисијата за компензации одобрени се налудничави зголемувања.
Екстремните компензации за директори и шефови не се никаква новост. Челниците на ГМ од крајот на 70-те остро беа критикувани затоа што прифатиле чекови на милион долари додека на обичните работници им се намалувале платите.
Законот усвоен во време на администрацијата на Бил Клинтон се обиде да го реши тој проблем со ограничување на даночно одбивање за компензации на директори на милион долари.
Одборите на компаниите затоа почнаа на директорите да им даваат повеќе акции.
Некои од извршните директори на големи компании затоа сега заработуваат до илјада пати повеќе од своите вработени.
Дали сте задоволни од вашата плата?
Според истражувањето на Институтот за економска политика, непрофитна тинк-тенк организација, заработките на извршни директори меѓу 1987 и 2017 година се зголемени за илјада проценти.
Екстраваганција на директори повторно дојде во јавноста, кога Ебигејл Дизни, внука на ко-основачот на компанијата Волт Дизни, Рој Дизни, рече дека компензацијата на Бопб Ајгер во износ од 65 милиони долари, е „налудничава”.
Таа ја критикуваше компанијата, бидејќи се фалела дека работниците во тематски паркови се плаќаат по 15 долари за час, што е двојно повеќе од минималната цена за работен час.
– Одлично, рече таа. Тие ќе се борат да врзат крај со крај, а Ајгер заработува 1.424 пати повеќе од просечниот работник.
Истата компанија во 2015 ангажирала евтина работна сила од други земји да го замени локалниот технички персонал во Орландо, Флорида, а потоа побарала од отпуштените работници да ги обучат новите вработени, кои дошле на нивните места.
Постојат добри причини зошто платите на извршните директори се зголемуваат.
Големите компании стануваат се покомплексни. Здравствените, фармацевтските и медиумски компании масовно се купуваат едни со други.
Дизни неодамна купи голем дел од 21-Сенчари Фокс за 71,3 милијарди долари. AT & T го купи Тајм Ворнер за 85 милијарди долари. Но, платите на извршни директори ги надминуваат приходите и растот на профитот.
Главните луѓе во индустријата секогаш биле добро платени
Во 1994 година, Извршниот директор Џенерал Моторс, Џек Велч, добил 4,35 милиони долари во компензација, што денес би изнесувало 7,5 милиони долари. Според денешните стандарди, Велч воопшто не бил соодветно платен. Меѓутоа, тој стана стандард по кој се управуваат новите шефови: менаџер кој е подготвен да ги намали трошоците, работата и бројот на вработени со цел да ја зголеми вредноста на акциите, но кој исто така очекува да биде награден.
Вкупниот надоместок на Велч до 1998 година изнесуваше 15,8 милиони долари, а до 2000 година, веќе 60 проценти повеќе, или 24,8 милиони. Велч беше награден за неговата навидум волшебна способност да работи подобро од Standard & Poor 500.
А, денес таквата магија не е потребна за да добие неверојатно висока плата.
Од 100 најплатени извршни директори, 47 се на чело на компании чии вредности на дивидендите и акциите во 2018 година се намалиле.
Се се врти во маѓепсан круг. Може да недостасуваат таленти на највисоко ниво, но работните места со врвен квалитет се исто така во дефицит. Зошто одборите на компаниите не тестираат идеја: дали некој би работел за двојно помалку пари и би успеал да оствари 90 отсто вредност на двајца шефови во Оракл од 100 милиони долари.
Одборите, на крајот на краиштата, мора со зголемувањето на плати на директорите да им зголемат плати и на другите вработени, за да можат работниците да добијат нешто од растот во кој биле вклучени.