Град Скопје денеска распиша два јавни повици - за субвенционирање на граѓаните на подрачјето за купување електрични тротинети во 2019 година и за субвенционирање на граѓаните за купување велосипеди во 2019 година.
Повикот за субвенционирање на граѓаните за купување електрични тротинети во 2019 година ги опфаќа сите граѓани (жители) на Град Скопје што ќе купат нов електричен тротинет од 01.01.2019 година до исцрпувањето на буџетот, или не подоцна од 30.11.2019 година.
Со овој повик се предвидува Град Скопје да надомести (субвенционира) дел од средствата за набавка во износ од 30% од вредноста на електричниот тротинет, но не повеќе од 7.000 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход,.
Субвенционирањето ќе биде по принципот „прв дојден, прв услужен“.
Повеќе информации ќе најдете на следниот ЛИНК.
Од денес може да аплицирате за субвенции за електрични тротинети
Vijest
-
Ова се шесте клучни чекори за да се подготвите за патување оваа година
Европската унија подготвува две важни промени кои ќе влијаат на начинот на кој патниците влегуваат во Европа. Овие промени - Системот за влез/излез во ЕУ (EES) и Европскиот систем за информации и овластување за патување (ETIAS) - ќе се применуваат за патување до популарни дестинации како што се Франција, Шпанија, Грција, Италија, Португалија.
-
МВР апелира: Бидете претпазливи при примање на телефонски повици од непознати броеви или од броеви кои се претставуваат како доверливи институции
Овие измами, кои во последно време се сѐ почести, имаат за цел манипулирање на граѓаните и стекнување на доверливи податоци или финансиски средства. Измамниците најчесто се претставуваат како претставници на банки, јавни институции или компании со цел да ги измамат жртвите.
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека имало 1857 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во последното деноноќие, од коишто над половината (55,90 проценти) биле „реални“, а 44,10 проценти биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
-
Угостителскте услуги поскапи за 6 отсто, ноќевањата се зголемени за 23 проценти
Во период од една година забележано е поскапување од 6.1 процент. Најголемо поскапување има кај ноќевањата но исто така по нагорна линија се движеле и цените на храната и на пијалаците во периодот декември 2023 – декември 2024 година.
-
Прв чекор кон финансиска независност – како младите ги вложуваат своите пари?
Во време на економска неизвесност и брза дигитализација, младите во Македонија сè почесто размислуваат како да обезбедат финансиска стабилност и независност.
-
По пет години пауза, повторно летови меѓу Скопје и Доха
„Катар ервејс“ (Qatar Airways) ќе ги обнови летовите меѓу Доха и Скопје во 2025 година после петгодишна пауза.