ГО ИСЧИСТИВТЕ ЛИ КЛИМА УРЕДОТ ПРЕД ПОЧЕТОКОТ НА ЛЕТОТО?
При секојдневна употреба на клима уредите во нивната внатрешност се таложи огромна количина на прав, алергии, микроорганизми од различна природа (бактерии, вируси, габи). Сето ова допринесува за неправилна работа на уредот (почести дефекти, помала моќност и испуштање на нечистотиите во воздухот кој го дишеме).
За да го спречите таложењето на овие штетни бактерии задолжително е темелно чистење на клима уредот од внатре. Еве како да го направите тоа:
1. Безбедноста е на прво место, па прво исклучете го уредот од струја.
2. Тргнете ја предната маска од климата. Обично лесно се отстранува, но на некои уреди е прицврстена со шрафови.
3. Откако ќе ја отстраните маската, веднаш ќе го забележите филтерот, кој се наоѓа на предната маска на уредот. Едноставно извадете го, но внимавајте на евентуални остри објекти кои би можеле да стојат зад него.
4. Измијте го филтерот во када или лавабо. Најдобро е да го измиете само со топла вода, но можете да употребите и детергент ако филтерот е премногу валкан.
5. На крај, погрижете се филтерот да биде сув пред да го вратите на почетната позиција. Наместете го филтерот на климата и тоа е тоа!