Без разлика дали тоа го правите често или повремено, ноќните смени освен што можат да имаат влијание на вашиот сон тие можат да предизвикаат ментални и физички несакани ефекти.
Ноќните смени можат да имаат влијание во повеќе аспекти во вашиот живот. Дел од нив се:
Проблеми со дигестивното здравје
Работењето во текот на ноќта доведува до јадење оброци во периоди кога вашето тело не е навикнато да добива храна. Ноќното јадење од јадењето преку ден може да се разликува и во количната на конзумирање. Ваквите распореди можат да предизвикаат проблеми со дигестивниот систем како и зголемување на телесната тежина.
Можност да се чувствувате социјално изолирани
Ноќните смени можат да направат да се чувствувате малку повеќе изолирани. Ваквата динамика може да ве исклучи од голем број социјални активности и истото може да доведе до депресија и раздразливост.
Промени во крвниот притисок
Крвниот притисок е уште една работа каде ноќните работни часови можат да направат проблем. Истражувањата пронашле врска помеѓу хипертензијата (состојба позната како висок кревен притисок) и работата во ноќна смена.
Можност за нарушувања на метаболизмот
Тука спаѓа дебелината, промени на маснотиите во крвта, дури и отпорнот на инсулин што подоцна може да дојде до дијабетес, тврдат експертите.
Можност за појава на симптоми на депресија и анксиозност
Вашето тело ослободува различни хормони и хемикалии во текот на еден 24 часовен ден. Па така, кога сте будни во период кога вашето тело треба да спие можеби нема да го ослободите нормалното количество хемикалии во тоа време. Ова може да влијае на вашето расположение и да предизвика симптоми на депресија или анксиозност.
Зголемување на можноста за повреди
Луѓето кои работат ноќна смена се многу повеќе изложени на ризик од повреди. За овој проблем не се зборува доволно и експертите сметаат дека тоа треба да се смени. Работењето навечер го исцрпува огранизмот на сосема друг начин и предизвикува замор кој може да биде причина за голем број повреди.
Проблеми со срцето
Кардиоваскуларните болести претставуваат уште еден негативен ефект од ноќното работење. Бројните истражувања на оваа тема покажаа дека третата смена може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.
Зголемен ризик од мозочен удар
Исто како и ризикот од срцеви заболуавања, така и ризикот од мозочен удар се зголемува со работењето во текот на ноќта.