На дното се наоѓа пасошот на Авганистан со кој можете да патувате во само 25 земји, а пред него е Ирак со бројка од 27.
Титулата за најмоќен пасош во светот оваа година оди во Азија, додека Македонија е рангирана на 46. место.
Според истражувањето на Hanley Passport Index, Јапонија и Сингапур го делат првото место на ранг листата со најсилни пасоши, што значи дека оние кои ги поседуваат, лесно можат да влезат во дури 189 земји ширум светот.
Со македонскиот пасош без виза може да патувате во 123 земји.
Веднаш зад водечките азиски земји, се наоѓаат претежно европски земји. На второто место се наоѓаат Франција, Германија и Јужна Кореја (187), по што следуваат Данска, Италија и Луксембург (186).
На дното на листата е пасошот на Авганистан со кој можете да патвате во само 25 земји, а пред него е Ирак со бројка од 27.