Истражувањето на германската компанија Битком откри дека 47 отсто од луѓето користат слушалки за да изолираат од околината.
Слушалките првенствено се користат кога сакате да слушате музика или да гледате филм, но тоа не е толку едноставна работа како што изгледа на прв поглед.
Во истражувањето на германската компанија Битком, се покажа дека 47 отсто од луѓето користат слушалки за да се изолираат од нивната околина. Од друга страна, околу 42 отсто ги користат како сигнал до другите дека не сакаат да бидат вознемирувани.
Секој петти испитаник користи слушалки за да не биде деконцентриран од работата или на работа, а има и такви кои ги користат како моден додаток.
Само 23 проценти од луѓето се изјасниле дека воопшто не користат слушалки.
Истражувањето, исто така, покажа дека 70 отсто од луѓето во Германија на возраст од 16 години или повеќе имаат слушалки.