Добро е да го имате во својата околина, а уште подобро е ако сте вие тој!
Ова се случува на најголемиот број на работни места: Неколку вработени чии вештини и перформанси се чини дека се просечни секогаш напредуваат – а понекогаш и преку нивните најуспешни колеги.
Причините за ова можат да бидат многубројни, но авторот и бизнис новинар на CNBC, Сузи Велч, вели дека тоа е само поради една работа. Луѓето што се движат напред со големи чекори се “среќни екстроверти“.
Тоа е тип на личност што на некои луѓе им дава вистинска предност во кариерата.
Таа вели дека пред 30 години за прв пат забележала дека луѓето кои не биле најпаметни помеѓу нејзините колеги на Харвард, туку оние кои биле најпопуларни – први добиле работа.
Овие луѓе, вели таа, биле “отворени и пријателски – топли, автентични и исклучително вербални“.
На почетокот, вели Велч, нивната динамичност (однесување) многу ја иритирало.
Се сеќавам како се јавив дома и плачев: “мамо, мислам дека моите оценки овде воопшто нема да бидат важни. Од тогаш, забележувам како среќниот екстровертен феномен се појавува во сите компании, а сега како шеф, сфатив зошто, признава таа.
Организациите работат многу подобро кога тимската работа е висока и драмата е ниска. Среќните екстроверти помагаат да се случи тоа.
И кога овие лица ќе ги надминат деловните очекувања и прогнози, тие на крајот можат да станат “омилен тип на вработен“ на шефот.