Ако случајно најдете една таква банкнота кај вас бидете сигурни дека ќе ја сочувате во нејзината првобитна состојба бидејќи може да ви донесе многу пари.
Помеѓу евро банкнотите кои се моментално во промет постојат неколку примероци кои поради нивната реткост станаа предмет на интерес на колекционерите ширум светот. Со оглед на тоа што овие банкноти ги има се помалку, нивната вредност значително се зголеми. Порталот Miss7 открива како да ги препознаете и да заработите многу пари.
Банкнота од 5 евра
Во оптек се банкноти од 5 евра со кои што може да се збогатите! Ако имате среќа, за нив ќе добиете од дваесет до сто пати повеќе од нивната номинална вредност. Доколку се погоди банкнотата да биде од некоја ретка серија, на сопственикот ќе му донесе многу пари. А како да дознаете дали сте вие тој среќник? Земете ја банкнотата и внимателно погледнете ги бројките и буквите во горниот десен агол што се наоѓаат во црвениот квадрат. Тие ја означуваат серијата во која е испечатена банкнотата. Ретките серии содржат 5 исти броеви (на пример: 77777, 99999). Ако случајно забележите една таква банкнота во вашите раце бидете сигурни дека ќе ја сочувате во нејзината првобитна состојба, а таа ќе ви донесе многу пари.
Банкнота од 50 евра
Понекогаш печатните грешки може да донесат поголем бенефит отколку штета. Имено, на една серија банкноти од 50 евра по грешка на нејзината заштитна лента беше внесена вредноста од 100 евра. Затоа, кога следниот пат ќе добиете банкнота од 50 евра, задолжително проверете ја на силно светло и прочитајте ја вредноста која се наоѓа на заштитната лента. Приватните колекционери со задоволство ќе ја купат оваа “погрешна“ банкнота, а подготвени се да платат до 7 пати повеќе од нејзината вистинска вредност.