Цените варираат од држава до држава.
Компанијата B&D Forecast неодамна пресмета колку компанијата заработува од продажбата на еден автомобил.
Сепак, бројките се однесуваат на Германија, а истите се разликуваат од земја до земја.
Така, Порше заработува 22.674 евра за еден автомобил кој се продава на германскиот пазар. БМВ заработува само 2.574 евра, а Тојота има чист профит од 1.751 евро за секој продаден автомобил.
Ауди заработува 1.643 евра, Мерцедес 763 и Фолксваген е на 334 евра.
Профитот на Хонда од еден продаден автомобил изнесува 319 евра.
Џенерал Моторс заработува 834 евра, Шкода 758 евра, Форд околу 967 евра, Хјундаи и Киа 1.183 евра, Крајслер 1.579 евра, Рено само 241 евро, Сеат 364 евра, Пежо 510 евра и Ситроен 500 евра по автомобил.