Кога ќе се спомене Плазма кекс, сигурно ве асоцира на автентичен српски производ кој го обожаваат сите, но во заблуда сте
Уште од 1902 година постои “Plasmon”, италијански кекс со слично име и скоро идентичен изглед, создаден од Cezar Skoti, во Милано. Но, сепак од Бамби, производителот на Плазма, на нивниот официјален сајт тврдат дека во 1967 за првпат на српскиот пазар се појавила потполно неочекуваната и претходно не видена Плазма. Факт е дека претставува единствен производ во својата категорија, но чија идеја била прва може да измериме хронолошки или идејно – кој вели дека двајца луѓе не знаејќи еден за друг не можат да смислат две многу слични идеи?
Како и да е, вкусот на Плазма кексот од Бамби ни е многу добро познат на сите, но што знаеме за неговиот можен предок “Plasmon”? Скоро ништо!
“Plasmon” е кекс кој што ја содржи истоимената намирница, т.е. млеко во прав. Овој продукт е изум зад кој стои италијанската компанија “Sindicato italiano del Plasmnon”, а денес нејзин сопственик е “Heinz”, големата американска корпорација која произведува бројни реномирани прехранбени продукти.
Варијации на овој кекс се појавиле во 1915 во вид на крекери. Дури имале идеја да ги понудат на британската армија, како храна која ќе им служи на војниците при опоравување од повредите во војната.
А секако дека мора да има и Србин во приказната. Тоа го потврдува фактот што во фабриката на Cezar работел србин по име Петар Тутавац. Тој работел до моментот кога сопственикот на фабриката починал и истата била откупена од американскиот “Heinz”, по што дошло до масовни отпуштања на работниците, меѓу кои бил и Петар.
Се вратил во Пожаревац, местото од кое потекнува и се обидел да отвори слична фабрика на таа во која работел, но комунистичката партија му поставила услов – фабриката да биде државна. Тој се согласил, станал директор на фабриката и создал кекс многу сличен на италијанскииот “Plasmon, со мали измени во рецептот. Но, состојките кои ги користеле при процесот на производство во тоа време биле многу скапи, па морал да најде соодветна поевтина замена за нив. Користел соино брашно, наместо природно билно или маслиново масло користел путер, а наместо јачменов слад користел мед.
Оригиналната плазма имала слоган “Biscotti per bambini” (бисквити за деца), па Петар предложил кексот да се вика Bambini, но властите на дозволиле, па како компромис го избрале името „ Bambi “.
Така настанала фабриката “Bambi” во 1967 година, по што не било воопшто тешко да се креира и логото кое се наметнало само по себе – цртаниот лик Бамби, кој му е добро познат на секое дете.
На почетокот на седумдесетите менаџментот на италијанскиот “Plasmon” дознал што се случува во Србија и ја тужел фабриката “Bambi” за копирање на производот. Казната била производот да не смее да се извезува во западна Европа или Америка, но сепак било дозволено да се произведува во Србија.
Денес “Plasmon” се продава не само во Италија, туку и во регионот, па така во хрватските маркети може да најдете пакување од 500 грама по цена од 300 денари. Доколку имате можност пробајте, па оценете, дали е подобра српската „Плазма“ или италијанскиот “Plasmon”.