Припадничките на овие пет хороскопски знаци сосема лесно го оставаат спротивниот пол без здив. Тие се природно убави и надарени со сите женски атрибути. Погледнете дали сте меѓу нив.
Овен
Жените припаднички на овој хороскопски знак се со спортска градба и имаат изразени црти на лицето, што тешко можете да ги заборавите. Често ќе се најдете во прилика да запознаете маркантна црна убавица со темен тен и светли очи. Нивниот изглед е во согласност со силната и енергична личност која е карактеристична за овој знак, а нивната свиленкаста кожа ќе придонесе секој допир на оваа убавица засекогаш да остане врежан во вашето сеќавање.
Лав
Тие се најчесто со силна, грациозна и спортска градба. Нема да потрошите многу време во потрагата по лавицата со извајани нозе, чијшто изглед и држење ќе ве остават без текст. Сакаат да се облекуваат модерно и да се дотеруваат, а понекогаш навистина уживаат во тоа. На лавиците може да им се припишат голем број таленти, но без лажна скромност, природната убавина и шармот никогаш не престануваат да ги импресионираат мажите. Ако мислите дека тука станува збор за просечна убавина, тогаш сте се излажале. Нив лесно можете лесно да ги препознаете меѓу другите.
Шкорпија
Дури и кога се слаби, Скорпиите речиси секогаш имаат силна градба. Добри нозе, широки рамења, впечатливо лице со сензуални усни и продорни очи... Ова е тоа што најчесто ги краси овие дами. Припадничките на овој знак најчесто имаат густа смеѓа коса, сакат да се дотеруваат и имаат доста истенчен вкус. Кога ќе решат да ве освојат, скорпиите че го сервираат нивниот отров така што со сласт ќе го испиете. Нивната убавина секогаш е надпросечна. Среќен е оној човек кого скорпијата ќе го засака искрено.
Бик
Дамите во знакот бик се најзгодни во целиот Зодијак. Тие најчесто се со просечна висина, спортска градба, а како да имаат природен талент да се истакнат. Често имаат убаво и помалку издолжено лице, високо чело и изразено светли очи. Сакаат да се облекуваат спортски и едноставно, но кога треба да се претстават во полн сјај, тоа ќе го направат на вистинскиот начин со одмерена доза и просветленост. Секогаш се оригинални во нивните настапи и мошне лесно ќе ви го привлечат вниманието.
Водолија
Отровот се чува во мали шишиња. Водолиите често се со средна височина или ниски. Имаат преубаво заоблено лице и посветол тен. Обично имаат помали дланки и стопала, но убаво извајани нозе. Очите им се нежни, а погледот бистар и искрен. Имаат убави и меки крупни усни. Водолиите не даваат големо значење на облеката, тие знаат дека кога ќе застанат голи пред нивниот партнер, никој нема да размислува за облеката. Водолиите често се надарени со женски атрибути и го оставаат спротивниот пол без здив.
vesnik.mk