Војвотката не уживала секогаш во финансиска благосостојба. Имено, пред да се омажи за принцот Хари, Меган Маркл, токму како и нас, обичните смртници, се борела за пронаоѓање на деловни ангажмани.
Бившата глумица со молбата за работа редовно испраќала и CV, кој сега ја догледал светлината на денот и открил бројни детали за војвотката, од кои некои се доста необични.
Убавата Американка, која во време кога го пишувала ова CV имала 24. години, открила дека е висока 167,5 сантиметри и тешка 51 килограм.
Меган истакнала дека извонредно зборува шпански и француски јазик, додека англиски зборува со дури три акценти – јужњачки, аргентиски и француски. Ќе признаете, тоа е вештина која на секој глумец добро би му дошла.Освен тоа знае да игра балет, степ и џез.
Но, многумина ги заинтригирал фактот дека војвотката е посебно талентирана за кикбокс. Едно е сигурно, неа никој не би сакал да и се замери.
Да потсетиме, војвотката никогаш не криела дека обожува фитнес и јога. Се чини дека таа навистина се придржува до изреката „во здраво тело, здрав дух“.

