САД е единствената развиена економија која не им гарантира платен одмор на своите работници
Според студијата на Центарот за економски и политички истражувања со седиште во Вашингтон, скоро секој четврти Американец нема платен одмор.
Исто така, постои голема разлика помеѓу вработените со полно работно време и вработените со скратено работно време во поглед на годишниот одмор. Имено, 90 проценти од вработените со полно работно време имаат платен одмор, додека пак таа привилегија ја имаат помалку од половина од вработените со скратено работно време.
Главната причина за ваквата пракса е тоа што САД е единствената развиена економија која не им гарантира платен одмор на своите работници. Впрочем, САД е единствената земја која не бара од работодавците да им понудат платен годишен одмор на своите вработени.
Според тоа, додека вработените на повеќето развиени земји имаат право на минимум пест дена платен годишен одмор, во САД тие не добиваат ниту еден.
Дури и кога вработените имаат платени денови за отсуство, просечниот работник во приватниот сектор најверојатно ќе добие 10 дена платен одмор и 6 платени празнични денови, што е далеку помалку во однос на другите развиени земји, со исклучок на Јапонија.
За разлика од САД, во европските земји вработените имаат право на најмалку 20 работни дена платен одмор, односно четири недели, а тоа важи за секој работник кој е вработен во земја членка на ЕУ.