Државната телекомуникациска компанија ETECSA за еден час на интернет наплаќа еден долар, а месечната плата е само 50 долари
Добри триесет години по остатокот од светот, Кубанците од овој месец добија можност да имаат интернет во своите домови.
Сепак, поради екстремно високите цени, на најпознатиот комунистички остров во светот се појави движење на граѓани кои бараат пониска цена за “сурфање“.
Според агенцијата АФП, од 22 јули кубанските власти им дозволија на граѓаните да увезуваат рутери, да регистрираат опрема и да имаат домашна безжична WI-FI мрежа поврзана со сигнал од државната телекомуникациска компанија ETECSA. Досега, безжичниот интернет беше достапен само на јавни места.
Во интервју за истоимената агенција, Ернесто Родригез Хенандез, како заменик министер за транспорт, изјави дека целта на владата е да обезбеди широко распространет пристап од интернет за целото население. Но сепак, цената на пристапот до интернет за Кубанците е се уште вртоглаво висока.
Инаку, ETECSA наплаќа за време поминато на интернет, а не за потрошен сообраќај, така што 1 час интернет во Куба чини еден долар. Со оглед на тоа дека просечната плата во земјата изнесува 50 долари, “сурфањето“ е луксуз кој не може да си го дозволат поголемиот дел од граѓаните.
Безжичниот интернет во Куба се појави во 2013 година, а од тогаш до денес цената се намали за четири пати.