Поради се поголемиот број на млади луѓе кои се иселуваат надвор од земјата, полските власти решија дека е време за промена на даночната политика
Спроведувањето на законот што ќе го укине данокот на доход за скоро два милиони млади работници во Полска ќе започне од 1-ви август оваа година. На овој начин, властите ќе се обидат да го запрат масовниот егзодус на младите што започна пред 15 години кога земјата стана членка на Европската Унија.
Премиерот Матеуш Моравиецки е сигурен дека овој потег ќе создаде нови можности за младите луѓе кои се моментално на Запад.
Со новиот закон, Полјаците кои се помлади од 26 години и кои заработуваат помалку од 22.547 долари годишно ќе бидат ослободени од данокот на доход кој во моментов изнесува 18%. Инаку, просечната годишна плата во Полска изнесува 15.700 долари.
Во последните 15 години, Полска ја напуштиле 1.7 милиони луѓе што е еднакво на населението во Варшава.