Колку кафе треба да пиеме пред да се случи нешто лошо, анализира Њујорк Пост ,отварајќи ја темата за прекумереното пиење на овој пијалок и што тој може да направи на вашето здравје.
Колку е високо вашето ниво на толеранција?
Бидејќи секој има различни нивоа на толеранција, некои може да бидат многу посензитивни за внесот на кофеин отколку другите. За просечен човек би било препорачливо да се одржи потрошувачката на кофеин под 500 милиграми, што е еквивалентно на 1 или 2 чаши кафе на ден, со уште неколку чаши чај одделно.
Дали знаете колку кофеин земате?
Честа причина за прекумерно внесување кофеин е големината на чашите и количината на кафе што ја земаме на различни места. Голема шоља кафе може да биде еквивалентна на 200-300 милиграми кофеин во една порција. Значи, ако пиете едно кафе наутро и уште едно попладне, веќе ја земавте дозата на кофеин. Друг знак дека можеби консумирате премногу кофеин, освен очигледните знаци како брз срцев ритам, нервоза и сл, е дека ако не ја испиете вообичаената доза кафе, се чувствувате дезиорентирани. Нешто што малкумина го регистрираат е дека кафето носи додадени калории и шеќер ако се зема со додаток. Како карамел фрпе, капучино, лате.
Сепак, колку кофеин консумирате?
Црно кафе 65-120 милиграми. Еспресо 30-60 милиграми. Капучино 100-120 милиграми. Енергетски пијалоци 80-100 милиграми. Чај 10-50 милиграми. Како и кај секоја храна, умереноста е клучна. Кафето е магичен пијалок кој прави чуда, но прекумерното конзумирање може да предизвика негативни здравствени ефекти на долг рок.