
Ви се случило ли да извадите свежо испрани алишта и да сфатите дека не мирисаат како што треба?
Една од причините за тоа е неправилното одржување на машината за перење. Таа се користи често и затоа треба да се одржува. Со овие две состојки, нејзиното чистење ќе биде едноставно и делотворно.
За да се ослободите од непријатните мириси, но и бигорот, потребни ви се само две состојки кои сигурно ги имате дома: оцет и сода бикарбона.
Постапка: Во бубањот ставете 100 грама сода бикарбона и додадете 1 литар алкохолен оцет. Вклучете ја машината да пере без алишта и подгответе се за чудо. Оваа мешавина на состојките ќе ги уништи сите непријатни мириси во машината и ќе го исчисти цревото.