Со внимателно користење и редовно одржување, вашиот лаптоп може да трае со години
Еве што треба да направите доколку сакате вашиот лаптоп да трае што е можно повеќе:
Избегнувајте прегревање
Високите температури се смртоносни за секој лаптоп. Прегревањето може да ги загрози сензитивните компоненти како што се процесорот, кулерот и батеријата. Затоа, избегнувајте да го употребувате вашиот лаптоп на ќебе и други меки површини што можат да ги блокираат воздушните канали и да го отежнат ладењето. За да го спречите тоа, потребно е повремено да го чистите вашиот лаптоп со специјален компресор.
Ракувајте внимателно
И покрај тоа што се многу издржливи, лаптопите содржат чувствителна електроника со која треба внимателно да се постапува.
Не ја празнете батеријата до крај
Лаптопските батерии не се вечни. По година или две од нивното користење, нивниот капацитет ќе почне да се намалува. За да издржат повеќе, не треба целосно да се испразнат и не треба да се полнат до 100 проценти. Одржувајте ја вашата батерија помеѓу 40 и 80 проценти.
Внимавајте на напонот
Вашиот лаптоп користи значајна количина на електрична енергија и е чувствителен на ненадејни зголемувања на напонот на струја. Повеќето модели имаат вградено заштита, но како имате скап лаптоп и/или го користите во области каде ризиците од ненадејни зголемувања на напонот на струја се големи, паметно е да набавите дополнителна заштита.
Внимавајте со што го чистите лаптопот
Не е воопшто добра идеја да го избришете лаптопот со влажна крпа или да користите некое средство за чистење бидејќи на овој начин правите повеќе штета отколку корист. Идеално е да го избришете вашиот лаптоп со сува крпа или специјализирани крпи за чистење на лаптоп.