Водата од оризот или оризовата вода веќе со векови е популарна во Јапонија бидејќи се користи за нега на кожата, но и за одржување на здравата коса и нокти.
Нема потреба да трошите пари на скапоцени производи за нега бидејќи ова е вашето ново оружје во борбата за поубава кожа и коса. Сè што ви е потребно се едно тенџере, вода и ориз.
Оризовата вода ја негува косата
Употребувајте ја оризовата вода за плакнење на косата, но претходно оставете ја водата да отстои ден или два. За тоа време киселоста расте и доаѓа до развој на антиоксиданси кои ќе му дадат сјај на влакното. Користете ја оризовата вода по секое редовно миење на косата.
Оризова вода за дигестивни проблеми
Доколку ве мачи надуеност, една шолја оризова вода ќе го реши проблемот. Скробот кој го содржи помага во одржување на балансот на цревната флора – ова е здрав и добар начин како да се ослободите од дигестивните проблеми.
Вода од ориз за проблематично лице и акни
Наутро или навечер, натопете една вата во оризова вода и нежно масирајте ги проблематичните места на лицето и телото. Оризовата вода содржи фолна киселина која одлично делува против воспаленијата и ја смирува кожата.