Автомобилската индустрија има посебно решение за автомобилите кои не успеале да се продадат. Ако мислите дека се нудат на пазарот по значително пониски цени – се лажете. Напротив, нереализираната продажба тие ја испраќаат на т.н. гробишта за автомобили каде тие самоволно скапуваат.
Постојат стотина вакви одредишта низ светот, а најблиску до нас се наоѓа тоа во Велика Британија, но и тоа во Валенсија (Шпанија) и Санкт Петербург (Русија) каде што, секако, својот животен век го завршуваат автомобилите кои се произведени во Европа.
Царство од неискористени автомобили, кои немаат извозено ниту еден километар секојдневно се зголемува, а големите автомобилски компании се често приморани да купуваат земјиште за складирање на ваквите автомобили кои нема кој да ги купи.
Главниот проблем лежи во самиот факт дека луѓето се помалку и помалку купуваат нови автомобили бидејќи поевтина и поисплатлива варијанта им се чинат половните.
Автомобилските компании и натаму не ја намалуваат цената на истите со цел да се зголеми продажбата, а се проценува дека вкупниот број на автомобили изнесува 10 милијарди.