Британскиот готвач Џејми Оливер смета дека Брегзит е една од причините поради кој пропадна неговиот ланец на ресторани.
Оливер изјави дека луѓето во 2016 година престанале да одат во ресторани поради економската неизвесност која ја предизвика Брегзит.
По распадот на ланецот на ресторани Jamie Oliver Restaurant Group, без работа останаа 1.000 британци.
Од 25 ресторани, колку што Оливер имаше низ Велика Британија, последниве месеци се затворени 22, а преостанатите три работат во непосредна близина на лондонскиот аеродромот Gatwick, но и нивната судбина е сè уште неизвесна, објави CDM.
Оливер во обид да ги спаси рестораните инвестираше повеќе од 14 милиони евра за амортизација на деловните трошоци, но ни тој обид не успеа бидејќи компанијата за само една година изгуби повеќе од 31 милиони евра.
Слична судбина доживеаа и други ланци на ресторани во Велика Британија.
”Поради економската и политичката неизвесност на Брегзит, се помалку луѓе излегуваат во ресторани, а и самите ресторани честопати се обидуваат да заштедат и ги амортизираат загубите со намалување на порциите или квалитетот на намирниците“, изјави за Guardian експерт за потрошувачки навики од консултантската фирма „Кантар-Симон-Квирк“.
Во март 2019 година, Британија имaше 1,1 процент помалку групации на ресторани отколку што имаше во истиот период во 2018 година, што укажува дека шест групации го прекинале своето работење поради лошите финансиски резултати.