Тој што ќе ја добие работата “Наполеон“ ќе биде и амбасадор на островот Света Елена
Властите на островот Света Елена на кој Наполеон Бонапарта ги минал своите последни денови, објавија невообичаен оглас за работа.
Имено, јавните службеници од ресорот за туризам бараат маж кој е “способен да комуницира со различни индивидуи, а особено со службени лица“.
Она што е вклучено во позицијата што ќе ја извршува идниот вработен меѓу другото е и испробување на специјално зашиена гардероба, односно униформата и неформалната облека на самиот Наполеон.
Во огласот е наведено дека бараат маж со “специфичен изглед“ кој би бил достапен да присуствува на различни настани во 2021 година, кога се одбележува 200 години од смртта на Наполеон.
Волонтерска, неплатена позиција
Кандидатот кој ќе ја добие работата “Наполеон“ ќе биде и амбасадор на островот Света Елена, што ја прави оваа позиција донекаде и прифатлива со оглед дека станува збор за неплатена, волонтерска работа.
Наполеон бил протеран во Света Елена во 1815 година по неговиот пораз во Ватерло (Белгија), а островот се наоѓа на околу 2.800 километри западно од брегот на Ангола.