Австралискиот новинар Питер Лалор е вистински ентузијаст за пиво. Тој пишува за пиварници речиси 25 години и никогаш не платил повеќе од 10 долари за кригла пиво.
Љубител сум на убаво пиво и вино, но никогаш не би платил претерано висока цена за нив, вели тој за Си Ен Ен.
И сето тоа држело вода додека не отиде на пиво во еден хотелски бар во Манчестер.
Тој очекувал неговото задоволство да го чини само 6.76 долари, но наместо тоа му било наплатено 10.000 пати повеќе.
Наместо 6.76$ добил сметка од 67.689$
Се започнало во недела вечер кога Питер морал да префрли еден од неговите пријатели до железничка станица и после тоа застанал во хотелот “Малмајсон“. Тој побарал нешто британско, а на негово разочарување шанкерката му предложила Хајнекен. Така, тој се решил за шкотското пиво ИПА.
Во моментот кога ја платил сметката не ги носел своите наочари и се посомневал дека износот на неа е погрешен. Кога повторно ја прашал девојката колку платил, таа сфатила дека направила грешка при внесување на износот за наплата.
Лалор сè уште чека рефундирање од Малмајсон
Од менаџментот на хотелот уште веднаш му било кажано дека ќе му бидат вратени средствата и покрај тоа што е невосможно толку голема трансакција да помине. Но, ноколку дена подоцна Лалор бил разбуден од својата сопруга која го известила дека од нивната сметка се наплатени околу 67 илјади долари.
Меѓутоа, банката го известила дека средствата ќе му бидат повратени, а за тоа е потребно да се почека околу 10 дена.
“Јас не сум богат човек“, вели тој. “Можев да купам 10 автомобили како мојот со таа сума“.
Претставници од хотелот за Си Ен Ен изјавија дека се подготвени да се извинат и да ја поправат грешката.
Тие упатија и покана до Питер повторно да дојде на пијалок во нивниот хотел.
Следниот пат дефинитивно е на куќата, велат тие.