Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.09/2019 за долгови доспеани до 31.05.2019 и неплатени до 31.08.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.
На Листата на должници бр.9/2019 објавени се 1979 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 2586 физички лица (повеќе за 77 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.9/2019 изнесува 10,199,141,546 денари, повеќе за 343,653,670 денари од претходната листа.
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,058,805,415 денари (повеќе за 354,004,608 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 140,336,131 денари (помалку за 10,350,938 денари од претходната листа).
Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.