![Кратко ќе уживаме во сонцето - Следи голем пресврт со времето](https://s.vrabotuvanje.com.mk/data/images/preview/article/3a/6f5c3ba3-resize-820x0x100.jpg)
Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти меѓу 6 и 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.
Во Скопје сончево со слаб претежно северен ветер. Тeмпература: 13 / 33 степени.
До среда ќе се задржи сончево и топло време. Дневните температури ќе бидат високи за овој период од годината, особено во вторник. Значителна промена на временската состојба со наоблачување, врнежи од дожд и намалување на температурата се очекува од четврток.