Вибер само што ја претстави својата нова функција – “Креирај свој стикер“ – која им овозможува на корисниците да дизајнираат и создаваат свои сопствени стикери.
Во последните неколку години, Вибер им овозможи на своите корисници еден понаков и покреативен начин на изразување благодарение на илјадниците стикери кои ги направи специјално за нив. Од компанијата објавија статистика која покажува дека само во 2018 година, корисниците споделиле повеќе од 30 милијарди стикери.
Отсега, Вибер ќе им овозможи на своите корисници да се изразат така како што сакаат креирајќи сопствени стикери.
Тоа значи дека корисниците на најпопуларната апликација за комуницирање ќе можат да дизајнираат, создаваат и испраќаат стикери кои претставуваат буквално се што се случува во нивните животи.
Новата опција ќе им овозможи на корисниците да креираат пакети од максимум 24 одделни стикери преку функција за креирање на стикери која ќе се појави на стикер маркетот. На овој начин корисниците ќе можат во било кое време да трансформираат најобична фотографија во стикер.
Освен тоа, новата функција ќе им овозможи на корисниците да изберат облик, да ротираат фотографии, да зумираат, а доколку одредена фотографија треба да се подобри, тука е “магичното стапче“ кое ќе ја заврши целата работа.
Креаторите на стикерите ќе имаат можност да изберат дали ќе им дозволат на другите корисници да ги употребуваат нивните стикери така што ќе го означат својот пакет на стикери како јавен или приватен.
Креирањето на сопствени стикери на Вибер ќе биде достапно во наредните денови за Андроид уредите, а наскоро новата опција ќе биде достапна и за корисниците на Вибер за iOS и Desktop.