Сезонска работа од соништата!
Баш така може да се нарече понудата на нискобуџетната исландска авиокомпанија WOW air. Нудат плата од 3.300 евра и платено сместување во главниот град на Исланд, Рејкјавик, а среќникот кој ќе биде избран ќе има можност да патува ширум светот, да ги истражува различните обичаи, цени, начинот на живеење, ноќниот живот и туристичките атракции на пооделните дестинации.
Огласот трае до 14. мај, а условите се следни: мора да имате минимум 18 години и добро да го зборувате англискиот јазик. Наместо класична пријава, за да аплицирате за оваа генијална можност е потребно да снимите видео во вашиот роден град преку кое ќе докажете дека сте навистина креативни и способни за да се снајдете на социјалните мрежи.
Работата е следна: за 10 недели потребно е да посетите 8 светски дестинации каде што слетува WOW air и во секоја од нив да се задржите три до четири дена. Покрај тоа, треба да рецензирате барем четири дестинации кои се наоѓаат на самиот остров.
Сите свои дожувувања потребно е да ги споделите преку социјалните мрежи, текстуално или во форма на кратки видеа.
За понудата да биде уште потешка за одбивање, на патувањето не одите сами. Може да поканите придружба. Добивате плата од 3.300 евра и опремен стан во центарот на Рејкјавик, а сите трошоци за патувањето се покриени.
Ви преостанува само да кликнете на овој линк и да се пријавите. Среќно!